Криенс со победа го пречекува Металург на реваншот

Екипата на Криенс која е ривал на Металург во 2. коло од квалификациите за Лигата на Европа имаше одличен резултат во последното коло од првенството на Швајцарија. Криенс едноставно го „нокаутираше“ Кадетен на свој терен.

Противникот на Металург славеше со 32:24 така што успеа да дојде до резултат кој покажува дека екипата е во добра форма и јасно е дека „металурзите“ утревечер ќе имаат тешка задача.

Металург утре од 18:45 часот ќе треба да брани предност од два гола односно да ја одбрани победата од 26:24. Нема да биде воопшто лесно, но јасно е дека ќе се направи сè може.

Самиот факт што против Кадетен се разигра Белорусот Глеб Гарбуз кој постигна осум гола е секако и задача плус за момците на Зоран Кастратовиќ.

Инаку, за разлика од Криенс, Металург после првиот натпревар немаше други средби и се подготвуваше за реванш пресметката.