Краљевски се враќа на кормилото на Куманово?

Вчера во доцните вечерни часови, лидерот во Женската лига Куманово неочекувано остана без тренерот Симе Симовски, кој во продолжение ќе извршува само една функција – селекторската.

Веднаш започна потрагата по нов кормилар за најголемиот фаворит за титулата во Македонија оваа сезона, а првото име на листата е српскиот стратег Ненад Краљевски.

Станува збор за тренерот кој минатата сезона беше предводник на Куманово и му го донесе трофејот во Купот на Македонија, откако на домашен терен кумановки беа подобри од големиот ривал Металург.

Во есенскиот дел од сезоната, Краљевски работеше како координатор на женските ракометни селекции во Шри Ланка, а од почетокот на годинава се врати во Србија.