Краљевски: Двојната круна беше главна цел, девојките имаа многу одрекувања за овој успех

Екипата на Куманово првпат во својата историја стана шампион на Македонија, а откако веќе ја одбрани титулата во Купот на Македонија ги обедини двете титули сезонава и ја потврди домниацијата.

Тренерот Ненад Краљевски после победата над Вардар со 33:22 со која Куманово стана шампион не го криеше задоволството. Исто така нагласи дека тимската работа на стручниот штаб и ракометарките е клучна за успехот.

„Нашите желби од почетокот на првенството беа да ја оствариме оваа цел. Управата на клубот од мене тоа го очекуваше и ми го постави како главна цел од моето доаѓање. Морам да кажам дека работам со прекрасни девојки кои сакаат да напредуваат. Имаше многу одрекувања сезонава, напорно тренираа во текот на сезоната за да славиме сите заедно и да бидеме среќни. Исто така сакам да истакнам дека имам одлични соработници во Александар Бојковски и Сашо Божиновски кои ми помогнаа да го оствариме овој резултат“, изјави Ненад Краљевски за 24Ракомет.

Куманово во досегашниот дел од сезоната има само една нерешена и 21 победа, а во преостанатите натпревари ќе се обиде сезоната да ја заврши без пораз и да ја потврди доминацијата.