Крај на шпанската сапуница: Едуардо Гурбиндо три години во Динамо Букурешт!

Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо од денеска и официјално е ракометар на романскиот шампион Динамо Букурешт.

Гурбиндо потпиша договор на три години со тимот предводен од Чави Пасквал, откако не заигра за Вардар на ниту еден официјален натпревар во Суперлигата и во Лигата на шампионите.

Долго време траеја преговорите меѓу двата клуба, Вардар доби солидна оштета, а Гурбиндо повисока плата во романската престолнина.

Во меѓувреме македонскиот првак го договори десниот бек Кевин Њокас, кој според покажаното на дуелите во ЛШ, ќе биде големо засилување за Вардар, па отсуството на Шпанецот сигурно нема да се почувствува.