Кратко траеше одисејата на Мујиќ во Пролет

Тимот на Пролет ќе ја чека одлуката на Ракометната федерација на Македонија, во поглед на местата за европските купови, а потоа ќе започне со активности за креирање на тимот и на подготовките.

Во однос на лани, во составот на Пролет ќе го нема репрезентативецот Мартин Поповски кој кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија. А, договорот со скопскиот тим му завршува и на Ѓуро Мујиќ, единствениот странец во составот на Пролет.

„На Поповски и на Мујиќ им завршија договорите, други поголеми промени нема. Тенденцијата е да го задржиме истиот состав со евентуално, едно-две засилувања. Да видиме прво каква ќе биде групата, со кои противници ќе играме во таа прва фаза, па потоа ќе одлучиме. Друга работа ќе беше ако во првенството се приклучеа и Вардар и Еурофарм Пелистер. Тогаш ќе беше посилна конкуренција и ќе мораше да се засилиме уште од старт. Вака, не знам што ќе биде, прегломазно е новото првенство во ваков формат“ – вели Огњановски.