Кратко траеше авантурата на Шевелев во Еурофарм Работник

Украинскиот репрезентативец Олександр Шевелев, со кој ќе си имаат работа и македонските ракометари на ЕП во Австрија, не е повеќе член на вицепрвакот Еурофарм Работник.

Тој дојде кон крајот на август во битолскиот тим, но очигледно не одигра според очекувањата на раководството на „фармацевтите“, па решија да се разделат со него.

На линијата од шест метри Еурофарм  во продолжение од сезоната ќе смета на Елмир Граџан и Никола Маркоски, а нема да биде изненадување доколку дојде уште еден македонски кружен напаѓач.

Битолчани ги завршија обврските во Лигата на шампионите, ги чека осминафианлен меч во СЕХА лигата против Нексе, како и настапи на два македонски фронта – Купот и Суперлигата.