„Кралот“ испишa нова историја, стана првиот играч-селектор што заиграл на Ф4!

„Кралот“ Кире Лазаров по седми пат е во Келн на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Покрај многуте достигнувања досега, од овој викенд, македонскио легендарен десен бек стана и првиот играч-селектор што играл во Келн.

Неговиот Нант загуби од Барселона со 31-26, а Лазаров погоди два пати на овој натпревар.

За Нант и Лазаров утре останува да се борат за бронзениот медал против конкурентот од Франција, ПСЖ, а мечот ќе започне од 15:15 часот.