КОЈ СО КОГО ДО ЕП: Русија во најлесната група, Србија ќе се бори со Франција (ФОТО)

Денеска беа извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка.

Македонија ќе биде во групата 7, која веројатно е најтешката – со Швајцарија, Данска и Финска.

Групите 3 и 4 се чини дека се најлесни и фаворитите нема да имаат проблеми да обезбедат место на континенталниот собир.

Првата и второпласираната екипа одат директно на ЕП 2022, а четири од осум третопласирани исто така обезбедуваат место на континенталниот собир. Во табелата на третопласираните ќе им се сметаат само резултатите од дуелите со првите две екипи.