Кој лаже: Симпатичниот дебелко има само 89 килограми?! (ФОТО)

Пикерот на репрезентацијата на Конго, Готје Мвумби, е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Тој веднаш го привлече вниманието со својот изглед и со настапот на вчерашниот дуел против Аргентина на СП.

Тој одигра одлично, иако Конго загуби од Аргентина и за 11 минути постигна четири погодоци.

Но на официјалниот интернет сајт на Мундијалот е објавено дека  Мвумби е висоок 176 сантиметри, а тежок само 89 килограми, што не е баш за верување.

Тој настапува за францускиот четвртолигаш Друкс, а таму тврдат дека има 110 килограми, што исто така не е за верување, бидејќи Мвумби наликува на некогашниот вардаров голман Страхиња Милиќ, кој своевремено имаше многу дури 216 килограми.