Кој е најдобриот новинар меѓу ракометарите? (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Избраниците на Данило Брестовац славеа над Украина со 26-25, а во ростерот за овој натпревар не беа деснитот бек Мартин Серафимов и голманот Мартин Томовски.

Пред да започне дуелот со Украина, Томовски „по грешка“ дојде во медиа центарот на „Штадхале Арена“, но и за и тоа кратко време што го помина таму, нè убеди дека може слободно да се обиде и во нашата професија.