Која е најтешката, а која најлесната група што може да ја добие Македонија на патот до ЕП 2020

Машката сениорска репрезентација на Македонија утре ја чека ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2022 година што ќе се одржи во Унгарија и Словачка од 13 до 30 јануари во пет града.

Покрај домаќините, директно пласирани на ЕП се и финалистите на ЕП 2020, Хрватска и Шпанија, додека 32 селекции ќе се борат за преостанатите 20 места. Меѓу нив и репрезентацијата на Македонија.

Сениорите се најдоа во вториот шешир пред утрешната ждрепка, а тоа значи дека ќе ги избегнат селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија.

Од првиот шешир изборот не е премногу голем, но било идеално ако ги добиеме Чешка или Исланд на пример. Од третиот шешир има неколку нагазни мини како Швајцарија, Полска и Украина, додека од четвртиот сеедно е која селекција ќе ни биде ривал, иако може отскокнува Финска како непосакувана селекција со оглед на тоа што е предводена од Ола Линдгрен.

Првопласираните и второпласираните одат на ЕП, како и најдобрите четири од третопласираните. Ждрепката е закажана за утре со почеток во 17:00 часот во Виена.

НАЈТЕШКА ГРУПА: Франција, Македонија, Швајцарија, Финска

НАЈЛЕСНА ГРУПА: Чешка, Македонија, Белгија, Косово