Која е најпознатата новинарка меѓу ракометарките

Хрватската ракометарка Ивана Дежиќ која настапува во екипата Кока во домашното првенство, откако беа откажани натпреварите заради пандемијата се посвети на својата втора работа.

25-годишната ракометарка пред една година дипломираше новинарство, а паузата од ракометот ја искористи да започне интензивно да се занимава со нејзината струка како соработник во „Подравски лист“. Дежиќ објасни дека девојките кои играат ракомет во Хрватска мораат да работат втора работа за да обезбедат егзистенција.

„Најголем проблем се парите, едноставно девојките мораат да бираат помеѓу ракометот и нивната егзистенција. Тоа воопшто не е лесна одлука. Не е лесно наутро да работите, а попладне да тренирате и за викенд да играте натпревари. Тоа може да се постигне со голем ентузијазам. Би истакнала дека некои девојки мораат да користат годишен одмор за да можат да играат за репрезентацијата. А потоа нè прашуваат зошто не ја победивме Норвешка или Холандија“, коментираше Дезиќ.

Дезиќ една година помина во полската екипа Погон, но тоа траеше многу кратко само една сезона бидејќи клубот се распадна. Ивана има настапувано и за екипата на Подравка, а последните неколку години е дел од репрезентацијата на Хрватска и се надева на настап на Европското првенство до декември во Данска и Норвешка.