Кошарка ли е, ракомет ли е – паднаа 96 погодоци на натпревар во Босна!

На натпревар од Женската лига во Босна и Херцеговина беа постигнати огромен број погодоци.

На средбата меѓу фаворитот Катарина Мостар и Храсница, славеше Катарина со убедливи 30 разлика, 63-33.

Разликата и не е толку чудна и невообичаена кога се работи за женски тимови, но е чуден бројот на головите – вкупно 96!

Три ракометарки од победничката екипа дадоа двоцифрен број погодоци – Трбоња постигна 16, Ципетиќ 13, а Милановиќ 12.