Костески си заминува, не се договори со Линц

Ракометарот кој настапува на позицијата десно крило и во минатата сезона настапуваше за екипата на Линц, Никола Костески во новата сезона ќе има нов клуб.

Според информациите кои се објавени ракометарот не се договорил со тимот за продолжување на соработката така што веќе е јасно дека тој е во потрага по нов ангажман.

Костески беше еден од најдобрите играчи во првенството на Австрија и неколкупати во изборот за најдобар играч во колото. Воедно тој беше и лидер на екипата на Линц во сезоната која е веќе завршена така што останува во следниот период да се почека името на неговиот следен клуб.

Стружанецот досега го носеше дресот на тимовите на Борец, Металург, Селка, Татран Прешов и Линц. Има солидно меѓународно искуство, па за очекување е дека ќе има нов клуб надвор од Македонија можеби во некое ново првенство.