Костески: Не смееме да потфрлиме против Татран, верувам дека ќе се вратиме со победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува нов натпревар во регионалната СЕХА лига, а ривал е словачкиот Татран Прешов.

Десното крило Ненад Костески верува дека битолчани ќе се вратат со победа од незгодното гостување.

„Минуваме низ тежок период, играме доста натпревари и густ е распоредот. Многу патуваме, па мора да играме и не е лесно. Сега се натпреваруваме и во Купот на Македонија и во плеј-офот. Се подготвуваме и знаеме каков состав има Татран Прешов. Со било каков состав да патуваме верувам дека ќе извојуваме победа и ќе го надминеме овој тежок период во кој врзавме три порази. Верувам дека ќе почнеме позитивна серија и ќе се издигнеме. Очекуваме дека Татран ја анализирал нашата игра, играат на домашен терен и ќе ни се спротистават. Не смееме да потфрлиме и се надевам на победа“, изјави Костески.

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 17:45 часот.