Костески му подели петка на Барнбах, но Линц загуби нагости

Екипата на Грац за која настапува Никола Костески претрпе пораз од 27:28 на гостински терен од Барнбах во многу важен натпревар бидејќи со победа можеше да се израмнат со бројот на бодови.

Никола Костески на оваа средба продолжи со игрите во стандардна форма, а заврши со пет погодоци.

Со овие пет гола беше трет стрелец во тимот на Грац така што тој и неговите колеги не успеаја да стигнат до резултат кој го посакуваа.

Во моментов Грац е претпоследен во плеј-аут групата и ќе треба да доигрува за да обезбеди опстанок во најсилната лига на Австрија.