Костески МВП на мечот, со перфектна реализација донесе триумф на Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што играат македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, славеше победа во последното есенско коло од Втората лига во Австрија.

Холабрун на домашен терен во натпревар од 13 коло беше подобар од составот на Фиверс со 29-25, иако на полувреме беше 12-12.

Десното крило Костески погодуваше без грешка и ги реализира сите осум обиди што ги имаше на овој натпревар и беше прогласен за играч на мечот.

Десниот бек Митков беше втор стрелец во победничкиот тим на овој дуел со шест погодоци од десет обиди.