Костески и Крстевски не го спречија новиот пораз на Линц

Тимот на Линц каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, Никола Костески и Горан Крстевски, ја продолжи лошата серија во австрискиот шампионат.

Линц загуби дома од Швац со 25-32 во 17. коло, но и покрај поразот нашите ракометари имаа значајна улога на теренот.

Костески постигна шест голови од кои четири беа од пенал, додека Крстевски даде два гола од три обиди.

Линц со 11 бодови останува во плеј-аут зоната, а во следното коло ќе игра со тимот на Брегенц каде игра Влатко Митков.