„Костески експрес“ по три меча го однесе Плзен во полуфиналето на плеј-офот

Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески се пласираше во полуфиналето на плеј-офот од чешкото првенство.

Плзен со 3-0 во победи го елиминира составот на Брно, каде што настапува македонскиот лев бек Дејан Кукуловски.

По двете домашни победи, Плзен славеше и на гостински терен кај Брно со 34-27 и без проблеми ја заврши четвртфиналната серија.

Костески беше втор стрелец во победничкиот тим со шест погодоци, додека Кукуловски даде три за Брно.

Плзен во полуфиналето на плеј-офот ќе го чека подобриот од серијата меѓу Робе Жубри и Дукла Прага.