Костески го доби мак-двобојот со Кукуловски, Плзен ќе се бори за трофеј во чешкиот Куп!

Тимот на Плзен обезбеди место во финалето на Купот на Чешка, откако на домашен терен беше подобар од составот на Брно со 41-35.

Мак-двобојот во Чешка му припадна на Никола Костески, кој постигна два гола за Плзен, додека Дејан Кукуловски беше меѓу најдобрите стрелци во поразената екипа.

Левиот бек од Македонија постигна пет погодоци, а заработи и едно исклучување од две минути.

Противник на Талент Плзен во финалето на Купот на Чешка ќе биде тимот на Бањик Карвина, кој го елиминираше Жубри.