Корона правилата диригираат: Каде ќе играат Борусија и Мец?

Натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите во женска конкуренција меѓу тимовите на Борусија Дортмунд и Мец нема да биде одигран во предвидениот термин на 7 март и веројатно ќе добие нов термин.

Истото се очекува да се случи и за реваншот така што не е познато каква ќе биде судбината на овој двобој, а причината е во правилата кои ги имаат двете земји после заострувањето на мерките во Франција и во Германија.

Според информациите кои ги објавува handballfast тешко дека ќе има натпревар и на 13 март во Франција бидејќи мора да се помине десетдневен карантин. Слично е и при влегувањето во Франција за ракометарките од Германија така што средбите не се можни.

Оттаму се бара решение со посредство на ЕХФ, па не би било изненадување доколку на крајот двата дуели бидат одиграни на неутрален терен.