Корона хаосот не ја одмина ниту Македонија – петмина заразени пред ЕП!

Корона хаосот не ја одмина ниту репрезентацијата на Македонија!

На ден пред заминувањето за Дебрецин, на последното задолжително тестирање според прописите на ЕХФ, петмина членови на националниот тим добија позитивни резултати.

Тоа значи дека тие нема да патуваат со остатокот од тимот за Унгарија, но ќе останат во изолација и со два негативни теста би можеле да бидат на располагање за последниот дуел со Данска доколку има потреба.

Веројатно ќе бидат повикани замени за заразените ракометари, па селекторот Лазаров повторно ќе има поголем избор.

Македонија утре заминува за Дебрецин, на 13 јануари го има првиот предизвик – Словенија, на 15 следува двобој со Црна Гора која исто така има големи проблеми со составот и на 17 јануари е средбата со Данска.