Корона задава нови удари: Србија ги откажа контролите против Романија

Женската репрезентација на Србија која неделава требаше да одигра два натпревари против селекцијата на Романија нема да патува за Крајова. Причината е во пандемијата со коронавирусот така што се одлага договорот за контрола.

Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ планираше после тренинзите да одигра две силни контроли за да ја провери формата. Меѓутоа правилото после враќањето од Романија ракометарките да останат 14 дена во карантин го смени планот.

Поради ова Обрадовиќ одлучи да одработат само тренинзи во текот на ЕХФ неделата, а Романија веќе најде замена.

Романките ќе одиграат две контролни средби против младинската селекција која исто така се подготвува во Крајова, па тие ќе треба да бидат каква-таква замена.