Корона Брашов исфрлена од ЕХФ Купот!

Европската ракометна федерација го суспендира романскиот клуб Корона Брашов од настапот во групната фаза на ЕХФ Купот.

Поради допинг скандалот во романскиот клуб за кој веќе доволно е пишувано, ЕХФ се реши за санкција, а наскоро ќе го објави и името на клубот што ќе го заземе местото на Корона во Купот на ЕХФ.

Тоа веројатно ќе биде уште еден романски клуб, Глорија Бистрица, што беше елиминиран во третото квалификациско коло од Корона.