Коронавирусот создава проблеми во францускиот Мец

Еден од најдобрите женски тимови од Франција, Мец се соочува со нови проблеми предизвикани до коронавирусот. На последното тестирање на екипата една ракометарка е позитивна на вирусот.

Станува збор за млада ракометарка која е дел од интернатот во тренинг центарот на клубот.

Екипата предводена од Емануел Мајонад во наредните денови би требало да ги продолжи подготовките со физички тестирања на ракометарките.

Сите од екипата ќе бидат повторно тестирани на коронавирус пред да започнат подготовките, а потоа ќе се работи според строги здравствени протоколи.

Мец во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите, во групата А заедно со Ростов, Кристијансанд, Есбјерг, ЧСМ Букурешт, Ференцварош, Битигхајм и Крим.