КОРОНАВИРУСОТ ЗЕМА ЗАМАВ: Загреб, ЧСМ Букурешт, Нант, Келце….ќе играат без публика!

Брзото ширење на коронавирусот низ Европа го зема својот данок и во спорт. Конкретно во ракометот се одложија неколку настани, а во поголемиот дел од земјите или не се играат домашните шампионати или се играат но без публика.

Во Македонија редовно се играат натпреварите од домашните конкуренции, но без присуство на гледачи, а така би требало да биде до 24 март, вклучително и за меѓународните натпревари на Вардар.

Хрватскиот првак Загреб најави дека средбата против Татран Прешов од четвртфиналето на СЕХА ќе биде одигратан без гледачи, а во Романија веќе стапи на сила тоа правило до 31 март.

Дербито меѓу ЧСМ Букурешт и Валчеа кое може да го реши шампионот нема да има гледачи, а веројатно ист ќе биде случајот и на дуелите од женската Лига на шампиони, кои овие два ривали ги играат против Ѓер и Мец.

Француските власти веќе ја донесоа одлуката да има најмалку 1.000 гледачи на натпреварите, а Нант потврди дека ќе ја почитува. Во Полска исто така натпреварите од домашните конкуренции ќе се играат без публика, а истото важи и за дуелите од ЛШ на Келце и Висла Плоцк против Целје и Веспрем.