КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА СП: Кој против кого и кога во главната рунда и Президент Купот

Денес на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска стартува главната рунда. На денешната програма на Мундијалот ќе се одиграат по три дуели од првата и втората група. Освен натпреварите од главната рунда ќе стартуваат и натпреварите за разигрување за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот.

Како што е веќе познато, селекцијата на Македонија ќе игра во Президент Купот, откако не успеа да ја мине групната фаза. Избраниците на Кире Лазаров запишаа три убедливи порази од Норвешка, Холандија и Аргентина, така што во понатамошниот тек од Светското првенство ќе се борат барем да ја освојат 25. позиција.

Македонија во Президент Купот, кој ќе се игра во Плоцк, се наоѓа во група со репрезентациите од Африка, односно со Тунис, Мароко и Алжир. Сите три репрезентации се незгодни и на дел од натпреварите на Мундијалот покажаа квалитет и одредени блесоци.

Првите натпревари од главната рунда, како и од Президент Купот ќе стартуваат денес. Последните натпревари ќе се одиграат на 23 јануари, по што ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето, како и рангирањето на поголемиот број на репрезентации.

Актуелен бранител на титулата на Светското првенство во Полска и Шведска е селекцијата на Данска, која на минатиот Мундијал во Египет (2021) славеше во финалето против Шведска, со резултат 26:24.

Светско првенство 2023, распоред на натпревари/главна рунда:

Група 1: Шпанија, Франција, Црна Гора, Иран, Полска, Словенија

  1. коло

18.01 15:30 часот, Иран – Словенија

18.01 18:00 часот, Франција – Црна Гора

18.01 20:30 часот, Шпанија – Полска

2. коло

20.01 15:30 часот, Словенија – Шпанија

20.01 18:00 часот, Иран – Франција

20.01 20:30 часот, Црна Гора – Полска

3. коло

22.01 15:30 часот, Црна Гора – Словенија

22.01 18:00 часот, Иран – Полска

22.01 20:30 часот, Шпанија – Франција

Група 2: Шведска, Португалија, Унгарија, Исланд, Бразил, Зеленортските Острови

  1. коло

18.01 15:30 часот, Португалија – Бразил

18:01 18:00 часот, Зеленортските Острови – Исланд

18.01 20:30 часот, Шведска – Унгарија

2. коло

20.01 15:30 часот, Зеленортските Острови – Португалија

20.01 18:00 часот, Бразил – Унгарија

20.01 20:30 часот, Исланд – Шведска

3. коло

22.01 15:30 часот, Зеленортските Острови – Унгарија

22.01 18:00 часот, Бразил – Исланд

22.01 20:30 часот, Шведска – Португалија

Група 3: Норвешка, Германија, Холандија, Србија, Катар, Аргентина

  1. коло

19.01 15:30 часот, Катар – Холандија

19.01 18:00 часот, Германија – Аргентина

19.01 20:30 часот, Норвешка – Србија

2. коло

21.01 15:30 часот, Србија – Аргентина

21.01 18:00 часот, Катар – Норвешка

21.01 20:30 часот, Холандија – Германија

3. коло

23.01 15:30 часот, Катар – Аргентина

23.01 18:00 часот, Србија – Холандија

23.01 20:30 часот, Германија – Норвешка

Група 4: Данска, Египет, Бахреин, Хрватска, Белгија, САД

  1. коло

19.01 15:30 часот, САД – Бахреин

19.01 18:00 часот, Египет – Белгија

19.01 20:30 часот, Данска – Хрватска

2. коло

21.01 15:30 часот, Бахреин – Египет

21.01 18:00 часот, Хрватска – Белгија

21.01 20:30 часот, САД – Данска

3. коло

23.01 15:30 часот, САД – Белгија

23.01 18:00 часот, Хрватска – Бахреин

23.01 20:30 часот, Египет – Данска

Светско првенство 2023, распоред на натпревари/Президент Куп

Група 1: Чиле, Саудиска Арабија, Уругвај, Јужна Кореја

  1. коло

18.01 15:30 часот, Чиле – Саудиска Арабија

18.01 18:00 часот, Уругвај – Јужна Кореја

2. коло

20.01 15:30 часот, Чиле – Уругвај

20.01 18:00 часот, Саудиска Арабија – Јужна Кореја

3. коло

22.01 15:30 часот, Јужна Кореја – Чиле

22.01 18:00 часот, Саудиска Арабија -Уругвај

Група 2: Алжир, Македонија, Тунис, Мароко

  1. коло

19.01 15:30 часот, Алжир – Македонија

19.01 18:00 часот, Мароко – Тунис

2. коло

21.01 15:30 часот, Алжир – Мароко

21.01 18:00 часот, Македонија – Тунис

3. коло

23.01 15:30 часот, Тунис – Алжир

23.01 18:00 часот, Македонија – Мароко