„Комити“ упатија апел: Дојдете заедно да навиваме и да го славиме јубилејот

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер в сабота ќе биде зачинето со прославата на јубилејот на навивачката група „Комити“.

На прес конфенренцијата за најавата на дербито, беше присутен и еден од членовите на „Комити“, Милорад Миленковски, кој истакна колку се важни вакви ривалства за спортот и за навивачите.

„Вардар го сака цело Cкопје, цела Македонија. Вардар е симбол на градот. По подолго време во домашната лигата се среќаваме со противник. После оние дуели со Металург, Вардар повторно има противник, потребен е противник да има бој, потребен е бој да има победа. Во име на Комити ги повикувам сите да дојдеме и заедно да навиваме, да прославиме јубилеј 35 години од постоење на навивачката група“, истакна Миленковски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.

Дејвис: Имаме само план А-победа!

Дибиров: Го респектираме Еурофарм Пелистер, но дома секогаш сакаме победа

Стоилов: Работите во Вардар тргнаа во нагорна линија откако дојде Дејвис