Стоилов: Работите во Вардар тргнаа во нагорна линија откако дојде Дејвис

В сабота се игра големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое може да реши многу работи околу шампионот.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, вели дека работите во Вардар тргнаа во нагорна линија откако дојде Давид Дејвис.

„Ова не е натпревар што ќе го реши првенството, но може да ни ја подобри ситуацијата. Многу добро се работи, работите во клубот одат во нагорна линија со доаѓањето на Дејвис и мислам дека сме на прав пат да го вратиме Вардар каде што припаѓа, полека, без претерување со амбициите. Играме пред наша публика, се надевам на полна сала во сабота, ќе дадеме се од себе за да го добиеме овој натпревар“, изјави Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.

„Комити“ упатија апел: Дојдете заедно да навиваме и да го славиме јубилејот

Дејвис: Имаме само план А-победа!

Дибиров: Го респектираме Еурофарм Пелистер, но дома секогаш сакаме победа