Комити со пиво, бургери и ди-џеј ќе се загреваат за „двобојот“ со Чкембари

На 26 март во недела во СЦ ,,Јане Сандански” ќе се одигра дерби дуелот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер во рамки од 5. коло од плеј-оф фазата во Суперлигата.

Победникот од овој дуел ќе направи голем исчекор кон титулата, бидејќи двете екипи на табелата имаат по 15 бода.

Загревањето од навивачки агол започна утринава кога на познатата Саат Кула во Битола се појави транспарент со натпис „Цела Битола по титула“.

Мобилизација преку социјалните мрежи најави и навивачката група „Комити“.

Најверните навивачи на ,,црвено-црните” најпрво ќе имаат заедничка дружба во „Паркот на езерцата“ каде со пиво, бургери, но и ди-џеј ќе се загреваат за „двобојот“ со Чкембари.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.

Се острат за дербито – цела Битола по титула (ФОТО)