Кометал Ѓорче Петров ќе слави 20 години од титула, се спрема прослава!

Кометал Ѓорче Петров во 2002 година ја покори Европа и со исклучок на првиот јубилеј (пет години) не пропушти останатите да ги прослави со голема забава и собир на сите ракометарки и членови на стручниот штаб.

Фешта во најава има и за 20-годишнината, следната година.

„Толку доживувања има, таков бурен живот беше тоа. Водев големи фирми – Градски сообраќај, Мактранс, а успевав да стигнам на секој тренинг на клубот, да бидам секој викенд на пат… Се чудиме со сопругата како сум успевал со тоа темпо на живот. Дома не се прибирав. Децата ми пораснаа без моето присуство. Сето тоа е данок, но убав, живот, бурен, неповторлив и често на седенките и дружбите со музика кои ги имавме пред пандемијата Трифун знаеше да ми рече ’Вања знаеш од сè што вложив во Македонија, само Кометал ми е сатисфакција’. И затоа и јубилејните, 10, 15 години од европската титула ги обележуваме со големи собири. И следната година, за 20-годишнината ќе биде така, Трифун веќе ми најави дека одново ќе се собереме сите.“

Комплетното интервју со Иван Бојков прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ИВАН БОЈКОВ: Од Кометал никој не сакаше да си замине