Колку минути, толку голови – на два меча „стрелаа“ 120 пати!

Тимот на Татран Прешов сезонава игра во пет конкуренции, па секој втор ден го чека нов натпревар.

Во осминафиналето на Купот на Словачка, Татран Прешов ја елиминираше екипата на Дунајска Стреда, а домашните постигнаа дури 120 погодоци на двата меча.

На првата средба беше 61-27 за ракометарите кои ги предводи Радослав Антл, додека на вториот меч беше 59-13.

Татран Прешов освен во Купот на Словачка и првенството, игра во чешкиот шампионат, а ќе биде активен и во Лигата на Европа и во регионалната СЕХА лига.