Кога нема доволно ракометари…и голманот станува пивот! (ФОТО)

Словачкиот првак Татран Прешов, по настапот во четвртфиналето на СЕХА лигата и на Струшкиот турнир, играше и на ТВ турнирот во Добој.

Но таму се соочи со големи проблеми. Стратегот Радослав Антл не можеше да смета на голем дел од ракометарите кои имаа коронавирус.

Затоа на еден од натпреварите на турнирот во Добој, голманот Игор Чуприна, поради недостаток на играчи во поле, мораше да облече дрес и да заигра на позицијата кружен напаѓач.

Татран иако играше со осум ракометари, славеше против Сент Гален на натпреварот од групната фаза, но потоа се откажа од дуелот за третото место против Војводина, поради малиот број ракометари во ростерот.