Кога „источен блок“ игра скандинавски ракомет

Уште долго во ноќта селекторот на Мароко, ја удираше својата глава и ја корнеше косата во неверица како можеше да загуби добиен меч.

Отсуството на една од најголемите ѕвезди на светскиот ракомет, Никола Карабатиќ, ги подгреа надежите на останатите репрезентации дека многу полесно ќе излезат на крај со француската репрезентација. Бледите партии пред се против Србија во квалификациите за Европското првенство, можеби и го наговестуваа тоа.

Многумина се посомневаа и во тренерските способности на Жил. Меѓутоа дека тоа не е така, Французите ни покажаа уште во првиот меч од светското првенство. И тоа не против било кого, туку против еден од главните фаворити за злато, репрезентацијата на Норвешка. Дерби на стартот од шампионатот, финале пред финале. Предводени од Мае на теренот, подпомогнат од Пардин на голот Франција подсети на нејзините најдобри денови и не опомени дека никогаш не треба предвреме да ја отпишуваме од борбата за највисок пласман.

Многу интересен натпревар ни приредија Белорусија и Русија. Репрезентациите од источниот блок, ни презентираа скандинавски ракомет. Ракомет со сите елементи на модерна игра, брз пренос на топка, технички дотеран, брза транзиција од напад во одбрана, атрактивни голови.
Интересен беше и потегот на рускиот селектор Петковиќ во последниот напад од натпреварот. Иако имаше нерешен резултат и бод во џеб, Петковиќ се реши да напаѓа хазардерски со тактика 7 на 6 без голман што во такви моменти е доста ризично. Русија успеа да створи шанса за гол, но за жал Шишкарев не успеа да погоди и резултатот остана нерешен.

Откажувањето на Американците, по лошо ќе го памти репрезентацијата на Австрија. Замената за американците, репрезентацијата на Швајцарија се покажа кобна за Австријците. Швајцарците, специјалистите за игра „7 на 6“ овојпат изнендувачки отстапија од таа нивна тактика и во позициона игра „6 на 6“, дојдоа до поволен резултат против Австрија.

Големо непочитување кон ИХФ покажа репрезентацијата на Јужна Кореа, која на овој шампионат дојде со својот б тим, чувајки ги своите најдобри играчи за квалификацискиот турнирза Олимписките игри.

Вистинска војна на теренот се водеше на натпреварот помеѓу Алжир и Мароко. Искри на сите страни, прштеше од опасни стартови на двете страни. Трите црвени картони од страна на Мароко најдобро ја покажуваат беспрекорната борба на теренот.
Меѓутоа , тоа не е тоа што го одбележа овој натпревар. Мароко имаше плус 7 голови предност, кои на чуден начин успеа да ги прокоцка и на крајот да изгуби. Посебно остави впечаток претпоследниот напад на Мароко кога после договорен напад на тајм аут, буквално им ја дадоа во раце топката на Алжирците, за да овие преку брза контра прв пат поведата на натпреварот и така да победат. Верувам дека уште долго во ноќта селекторот на Мароко, ја удираше својата глава и ја корнеше косата во неверица како можеше да загуби добиен меч.