Ковид 19 ги спречи, ЕХФ донесе одлука – Со еден натпревар до групна фаза од Лигата на Европа

Екипите на Тримо Требње и Балатонфуреди нема да имаат можност како сите други екипи од Лигата на Европа да одиграат два натпревари во 2. квалификациско коло и во само 60 минути ќе одлучат кој состав ќе оди во групната фаза.

Поради тоа што во Балатонфуреди има позитивни случаи на Ковид 19 не можеше да се одигра првата средба која беше предвидена за утре. Место тоа во ЕХФ мораа да донесат одлука со која ќе овозможат навреме да се заврши битката и истата да биде одлучена на терен.

Затоа одлуката беше двобој да има и истиот да биде само на теренот на Тримо Требње  на 29 септември. На овој дуел во Словенија ќе падне одлука кој оди во главниот дел од Лигата на Европа.

Според ждрепката првиот натпревар требаше да се одигра во Словенија, а реваншот во Унгарија. Сепак, поради тоа што тренерот на Балатофуреди е заразен дојде до одлагање и може да биде одиграна само една средба која ќе биде во Словенија, но следниот вторник.