Ковид не го одмина ниту Душебаев

Тренерот на Келце, Талант Душебаев, е позитивен на коронавирус. На последното стандардно тестирање пред натпревар од Лигата на шампионите, и тој добил позитивен резултат.

Сепак Душебаев вели дека ако не биле тестирањата, немало ни да знае дека го има вирусот.

„Добро сум, засега немам никакви проблеми. Да не беа овие тестови немаше ни да знам дека го имам коронавирусот. Имав малку температура, но вкусот и мирисот не сум ги загубил. Во јуни мојот брат едвај се спаси. Мораше да добие кислород за да преживее“, изјави Душебаев за „Спортове Факти“.

На Келце одлично му оди во Лигата на шампионите, и се наоѓа на првото место на табелата, а последните две средби што требаше да ги одигра, против Порто и ПСЖ, беа одложени за 2021 година.