Ковид и меѓу судиите на ЕП, за една двојка шампионатот заврши порано

Една судиска двојка која беше меѓу подобрите на ова првенство, Хавард Клевн и Ларс Јорум ги завршија настапите на шампионатот, а причината е позитивен тест кај еден од нив.

Клевен е позитивниот на Ковид19 и тој ќе мора во изолација во следните денови. Поради ова нема да бидат во можност да судат повеќе така што конкуренцијата за главните натпревари се намалува.

Тие беа меѓу подобрите арбитри на ова првенство, но коронавирусот не бира на Европското првенство, па и тие како и голем дел од играчите мораат во изолација.

Засега остануваат поради позитивниот тест, а дали ќе можат навреме да си заминат дома ќе зависи од тестот кој ќе биде направен после завршувањето на периодот предвиден за карантин.