КЛ7 со нова победа за цврсто 2. место

Екипата на КЛ 7 која е второпласирана во Групата 2 од Првата машка лига дојде до нова победа, а овој пат на домашен терен славеше против Борец со 39:19.

Без поголеми проблеми победникот беше познат уште после првите 30 минути кога составот на КЛ 7 обезбеди предност од 15 погодоци, па во продолжението можеше да се одигра мирно и да се зголемува предноста.

Борец откако во минатото коло дојде до првиот триумф немаше сили за нова победа, па рано го загуби овој дуел и дозволи противникот да освои три поени.

КЛ 7 – БОРЕЦ    39:19 (21:6)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Зоран Кимевски од Скопје.

КЛ 7: Богдановски, Ерманоски, Трајкоски 3, Стојков 8, Крстевски 2, Миленков 2, Ѓоргиев 3, Симоноски 4, Василев 1, Илиески 7, Павлов, Димовски 6, Гучески 3, Мирчески.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 10 мин.

БОРЕЦ: Митревски, Мартинов 1, Димов 2, Мазнев, Димевски 1, Чаушевски, Крстевски 2, Гочев 3, Стојанов 4, Андоновски, Јордановски 2, Крстевски 1, Јаневски 2, Кузмановски, Јаневски 1, Ристевски.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 14 мин.24