Tea PIJEVIC (91) during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark, Preliminary Round, Group C, Hungary vs Croatia, Kolding Arena, Kolding Denmark, 04.12.2020, Mandatory Credit © Stanko Gruden / kolektiff

Клуб со буџет од 2,5 милиони евра ја ангажираше „ледената кралица“ во своите редови

Романскиот суперлигаш Глорија Бузау за новата натпреварувачка сезона 2023/24 има големи амбиции и посакува да се замеша во борбата за освојување на домашната титула.

Глорија Бузау во новата сезона ќе има буџет од околу 2,5 милиони евра, што е доволно за создавање на поконкурентен тим за титулата.

Ново име во таборот на Глорија Бузау е репрезентативката на Хрватска, голманката Теа Пијевиќ, која својата популарност ја стекна на Европското првенство во Данска (2020).

Голманката на „коцкестите“ беше меѓу најзаслужните за освоената бронза на континенталниот собир во 2020.

Пијевиќ во редовите на Глорија Бузау пристигна од унгарскиот Фехервар. Во својата кариера го чуваше голот и на Мец, Локомотива Загреб, Сесвете, Борац Бања Лука и Далмантика.

Во тимот на Глорија Бузау настапуваат две екс членки на Вардар, кружниот напаѓач Марија Петровиќ и левиот бек Дијана Илина.

Романија повторно ќе ја има најскапата лига – шест клуба со буџет од над 2 милиони евра!