Клубовите во трка за нов ваучер – висината на парите ќе се објави во февруари

Екипите кои се натпреваруваат во сезоната 2020/2021, деновиве ќе треба да ги достават своите податоци и да влезат на списокот на тимови кои конкурираат за добивање на ваучерите кои ги доделува Агенцијата на млади и спорт.

Веќе е добро позната процедурата бидејќи и минатата сезона се доделуваа ваучери така што истиот начин ќе биде и сега, а кој тим каков ваучер ќе добие односно со каква сума ќе биде познато во текот на следниот месец.

Ваучерите практично се сума на пари и преку нив се обезбедуваат финансиски средства од спонзори во форма на даночно олеснување. Оттаму секој клуб е заинтересиран да дојде до што е можно повисок ваучер, но притоа мора да бидат и исполнети одредени услови.

Минатата година тимот на Вардар имаше највисок ваучер, кој беше во износ од 21.800.000 денари, додека Еурофарм Пелистер имаше 17.900.000 денари. Следуваа Металург, пролет, Бутел Скопје, Струга… Годинава бројот на суперлигаши е зголемен, па останува да се види како ќе биде поделбата на ваучери за клубовите.

Кај женските клубови лани на прво место според висината на ваучерот беше Металург со 3 милиони денари додека ваучер од 2,5 милиони денари имаше тимот на Куманово.

Минатата година сумите за ваучерите беа познати на 10 февруaри, а може да се очекува и сега во истиот период да биде познато кој клуб со каков ваучер ќе може да се обиде да дојде до поголем износ поддршка од спонзорите.

Инаку, минатата година најголем ваучер имаше и Ракометната федерација на Македонија која имаше сума од 22.835.000 денари.

Нови ваучери за клубовите – кој доби најмногу (ФОТО)