Кичево се израдува на прва победа во плеј-аутот, славеше над Партизан

Екипата на Кичево дури во 9. коло од плеј-аутот од Првата лига стигна до првата победа откако на домашен терен беа подобри од екипата на Партизан со 31:29.

Гостите подобро започнаа и го имаа почетното водство, беше 0:2 и 2:4. Но Кичево успеа рано да го сврти резултатот и поведе со 5:4. До крај на првото полувреме екипите уште неколкупати го менуваа водството, а на одмор домашниот тим замина со предност од 16:14.

Почетокот на вториот дел им припадна на домаќините кои стигна до највисоки осум позитива. До крај Кичево не дозволи да ја испшути залихата и стигна до прв триумф, иако Партиан намали на само еден гол во финишот.

За одбележување е малиот борој на ракометари со кои настапија двете екипи, во составот на Кичево беа 12 ракометари додека во тимот на Партизан само 10 играчи. Прв стрелец во тимот на Кичево беше Кристијан Смилески со десет гола, а во тимот на Партизан најефикасен беше Димитар Вегов со осум погодоци.