Кичево и Текстилец со реми го затворија регуларниот дел од Првата лига

Во последниот натпревар од последното коло од регуларниот дел во Првата лига, екипите на Кичево и Текстилец одиграа без победник, 29:29.

За екипата на Кичево овој натпревар немаше резултатско значење бидејќи имаше обезбедно пласман во плеј-оф фазата, додека тимот од Штип се сели во плеј-аутот.

Екипата на Кичево тргна фуриозно, имаше водство од 8:2 и во најголемиот дел од првиот дел водеше со четири до пет гола разлика. Домаќинот имаше повеќе од играта во првите 30 минути и на пауза замина со предност од 16:11.

Кичево во продолжението зголеми и на 21:14, но Текстилец полека ја топеше предноста на домаќините, кои во самиот финиш од готово направија вересија.

Откако Кичево имаше 28:26, гостинот со серија од 3:0 направи пресврт и за првпат поведе со 29:28. Голот за реми го постигна членот на Кичево, Дарко Јаневски, кој погоди на минути пред крајот.

Најефикасен во домашниот табор беше Никола Шипинкоски со десет погодоци. Кај Текстилец се истакна Васе Петров со девет гола.

Бод вреден плеј-оф: Шампион ќе разигрува за Суперлига!