Кичево донесе уште двајца играчи – потпишаа Костадиноски и Наумовски

Тимот на Кичево, кој минатата сезона играше во плеј-аутот, оваа сезона има зголемени амбиции во Првата лига.

За таа цел претходно ангажираше двајца ракометари од Јехона, Чеде Јованоски и Мојсе Тасески, а сега потпишаа уште двајца млади играчи.

Станува збор за голманот од Еурофарм Пелистер 2, Кристијан Костадиноски, како и за средниот бек Дамјан Наумовски, кој исто така потекува од Битола, а минатата сезона беше дел од составот на Аеродром.

Првата лига и оваа година ќе се игра во две групи како и лани, а во следниот период се очекува ждрепката која ќе биде полудиригирана.