Кисум: Нашето искуство пресуди на денешниот дуел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до првата победа во регионалната СЕХА лига, откако пред своите навивачи триумфираа против тимот на Војводина, со резултат 30:25.

Најефикасен на средбата во Битола беше членот на Еурофарм Пелистер, Каспер Кисум со девет постигнати погодоци.

Данецот имаше пофални зборови за екипата на Војводина, која допатува со младински состав и покажа солидно издание.

,,Ние сме уморни, но нашето искуство се покажа како клучно во денешниот дуел. Војводина одигра добар натпревар со оваа млада екипа. За само два дена имаме уште еден натпревар и сега мора да се фокусираме за тој дуел”, изјави Кисум.

Следен предизвик за македонскиот вицепрвак е натпреварот против Пролет во рамки од 4. коло од Суперлигата.

Валтер: Остваривме важна победа по европската катастрофа