„Кирил Лазаров го седнав на трибини и така му помогнав во кариерата“

Илија Темелковски на актуелниот капитен на А тимот, Кирил Лазаров, на 19-годишна возраст му одржал лекција, која тој уште ја памети.

Илија Темелковски од 1999, па до 2009 година е константно во македонските национални тимови, дали како селектор или како дел од стручниот штаб. Многу пријатни и непријатни моменти преживеал Ико за време на своето „селекторување“, а не му беше проблем во интервју за 24ракомет да ни открие дел од тие моменти.

„На првенството во Атина 2000, се случи пресврт меѓу мене и Кире Лазаров, со кој му помогнав во понатамошната кариера. На тоа ЕП, Кире замина со голем, неспорен квалитет како млад играч од 19-20 години и мислеше дека ќе биде главен играч на тоа ЕП, но не беше психолошки подготвен. Уште на првиот меч со Унгарија, тој си земаше преголема слобода да шутне од неизградена позиција и во еден момент побарав измена. Не ме послуша и изреагира во стилот ’остави ме да играм не ме зафркавај’ и не излезе. По мечот веднаш свикав состанок на кој побарав да биде отстранет од репрезентација и да си оди дома. На тие години некој така да се однесува кон селектор, нема прошка. Го ’спаси’ тоа што во Атина отпатувавме како група со список и мораше така и да се вратиме назад. На негова позиција ги имавме и Мајнов, Митков, не беше незаменлив. Од таа причина остана, се извини, имавме разговор еден на еден, но на следниот меч остана на трибини, тоа беше казната. Потоа беше ставен на тест, каде што му беше распоредена минутажата со другите, влегуваше и излегуваше од игра, и потоа ги почитуваше одлуките. Си ја сфати грешката. Со Кире минавме 20 години во репрезентацијата и ден денеска ми го памти тоа.“

Разговорот со Темелковски може да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ: Треба ’длабок рез’ во А репрезентацијата ако сакаме да одиме напред!