Кипријановска игра во одлична форма во Франција

Репрезентативката на Македонија, Јована Кипријановска, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, продолжува со одличните партии во Франција.

Кипријановска заедно со нејзиниот Ле Самбр Авенуа во натпревар од Првата лига во Франција беа минимално поразени од Метропол со 35:32.

Екс ракометарката на Куманово беше најефикасна во својот тим, постигна 12 погодоци, од кои пет беа од пенал, и одигра одлично во одбраната.

Тимот на Кипријановска моментално се наоѓа на 5. позиција на табелата во второто по ранг француско натпреварување.

Ле Самбр Авенуа во досегашниот тек од натпреварувањето на 19 натпревари забележа 11 победи и осум порази.