Кил со една нога е во четвртфиналето, покажа моќ против ПИК Сегед

Екипата на Кил оствари голема победа на гостувањето кај ПИК Сегед во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Европскиот првак одигра перфектно и славеше победа со 28:33.

Кил имаше фантастично прво полувреме, погодуваа од сите позиции а на голот несовладлив беше Ландин. Кил поведе со 0:3, а потоа беше 4:8. Последните десет минути од првиот дел целосно им припаднаа на гостите.

Со серија од 5:0 Кил за првпат направи од девет гола кога поведе со 12:21. До крајот на полувремето ПИК Сегед усепа да постигне гол и да намали, сепак на паузата имаше огромно заостанување од 13:21. Ландин беше неверојатен во првото полувреме со девет интервенции.

На почетокот на второто полувреме Мирко Алиловиќ имаше неколку добри интервенции кои ПИК Сегед ги искористи да намали на 20:25 во 42. минута. Сепак во продолжението Кил немаше проблеми да го сочува водството и да стигне до голема победа која ги носи чекор поблиску до четвртфиналето.

Најефикасни во составот на Кил беа Норвежаните Сагосен со осум и Рајнкинд со шест гола. Ландин беше еден од најзаслужните за победата со вкупно 17 интервенции. Во тимот на ПИК Сегед прв стрелец беше Радивојевиќ со шест гола, а Мирко Алиловиќ собра 10 одбрани.