Кил се збогуваше со Ландин, Сагосен, Зарабец…

Кил го одигра последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона во Бундес лигата, по кој им се заблагодари на четворица ракометари.

Голманот Никлас Ландин, левиот бек Сандер Сагосен, средниот бек Миха Зарабец, како и десното крило Јаник Фрац, нема повеќе да го носат дресот на „зебрите“.

Публиката во „Вундерино Арена“ ги поздрави своите миленици кои заминуваат во други клубови. Ландин оди во Алборг, Сагосен ќе го засили Колстад, додека Зарабец се сели во Висла Плоцк.

Досега потврдени трансфери во Кил се голманот Венсан Жерар, кој доаѓа од францускиот Сен Рафаел, како и членот на репрезентацијата на Фарски Острови, средниот бек Елијас Скипаготу, кој доаѓа од шведскиот Савехоф.

Кил е на чекор до нова титула во Бундес лигата.