Кил му гостува на Вардар в среда, познати арбитрите за македонско-германскиот двобој

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од 6 коло во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар на домашен терен го пречекуваат составот на Кил в среда во СЦ „Јане Сандански“.

ЕХФ ги одреди Швајцарците Брунер и Салах за делители на правдата, додека делегат на оваа средба ќе биде Чирлигеану од Романија.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра в среда со почеток од 20:45 часот, а германскиот тим веројатно ќе допатува без главните ѕвезд Ландин, Сагосен и Вајнхолд.