Кил доби зелено светло, играчите почнуваат со вакцинација

Ракометарите на Кил ќе бидат вакцинирани и до четврток сите кои се дел од клубот би требало да бидат вакцинирани.

Сандер Сагосен кој требаше да биде вакциниран со репрезентацијата на Норвешка, ќе го реши ова во текот на овие денови со своите колеги од Кил така што ќе стекне имунитет на Ковид 19 порано од неговите колеги од репрезентацијата со кои ќе се подготвува за настап на Олимписките игри.

„Многу е смирувачко и прекрасно чувството да се знаде дека може да бидете вакцинирани. Во Токио веројатно ќе има ограничувања, но вакцината ќе ви помогне да се чувствувате побезбедно во однос на спречување на болести“, вели Сагосен.

Планот беше ракометарите кои се дел од репрезентациите да се вакцинираат следниот месрц со посредство на Интернационалниот олимписки комитет. Сепак, работите се менуваат, па Сагосен ќе се вакцинира порано од предвиденото.